Од амбасади, конзулати и резиденции на поранешна Југославија исчезнале повеќе од 140 вредни уметнички дела.
Србија ќе побара одговор за исчезнувањето преку Интерпол, изјави Вељко Одаловиќ, српски претставник во Мешовитата комисија за сукцесија.
– Инсистираме за таа акција да се вклучи и меѓународната криминалистичка полициска организација, изјави Одаловиќ за Новости.
Најмногу дела недостигаат во Рим. Дел од уметнички дела недостигаат во Хаг, Вашингтон, Стокхолм, Цирих, Мексико, Анкара Виена и Осло. До 2017 распоредени се вкупно 1 416 уметнички дела.
Србија „по национален клуч“ добила 791, Хрватска 325, Словенија 194, Македонија 59 и БиХ 47 уметнички дела.