Грција

Купувањето недвижен имот на грчките острови е најновата исплатлива инвестиција за која се заинтересирани сѐ поголем број странци. Најзаинтересирани купувачи се Британците, Французите и Италијанците, кои сакаат да поседуваат станови на островите, а бараат и вили за изнајмување.
Туристичката сезона на грчките острови е подолга, што им гарантира на станарите и приходи, велат странците што прават купопродажни договори и од агенциите за недвижности. Побарувачката за куќи во градба или готови куќи на островите Тинос, Андрос, Сирос е зголемена. Островите Родос, Кефалонија и Закинтос се најинтересни за Грците што живеат во странство и инвестираат во недвижен имот. Санторини и Миконос се за клиенти со повисоки финансиски можности. На Миконос луксузните имоти се движат од шест до осум илјади евра за квадратен метар.