Земјотрес со јачина од 5,7 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, беше регистрирани кусо по 9 часот во морскиот дел западно од грчкиот полуостров Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина.
Земјотресот во Грција беше почувствуван во целиот регион на Пелопонез, особено во западниот дел, но и во Атина. Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Геодинамичкиот институт првично објави дека биле регистрирани два земјотреси од 5,6 и 5,7 степени со неколку секунди разлика, информација што кусо подоцна ја промени во еден земјотрес, а и според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, станува збор за еден земјотрес со јачина од 5,7 степени.
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8.38 часот по локално време, на четири километри од Девин, на длабочина од девет километри.
Речиси половина час пред овој земјотрес, Бугарија ја погоди потрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала. Забележан е во 8.09 часот по локално време. Во 8.42 часот е регистриран и трет земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.