Фото: ЕПА

Мануел Бомпар, лидер на Бунтовничка Франција во францускиот парламент на земјата, излезе во јавноста со сурово предупредување дека „сите знаат дека ако Украина наскоро влезе во НАТО, тогаш ќе исчезне можноста за дипломатско решение на конфликтот меѓу Русија и Украина“, како и дека „пристапувањето на Украина во Европската Унија ќе претставува трагедија за француската индустрија и земјоделството“! За што, всушност, сака да предупреди пратеникот Мануел Бомпар?

Руско-украинскиот конфликт нема да заврши дипломатски ако Украина влезе во НАТО

Конфликтот во Украина нема да заврши дипломатски ако земјата влезе во НАТО, изјави за телевизијата БФМ, Мануел Бомпар, лидер на Бунтовничка Франција, во францускиот парламент на земјата.
– Разговаравме дали сме подготвени да го прифатиме фактот дека Украина може да му се приклучи на НАТО во блиска иднина, а сите знаат дека ако Украина наскоро влезе во НАТО, тогаш ќе исчезне можноста за дипломатско решение на конфликтот меѓу Русија и Украина – предупреди тој.
Бомпар, исто така, додаде дека „пристапувањето на Украина во Европската Унија ќе претставува трагедија за француската индустрија и земјоделството“!
На крајот на септември 2022 година, Владимир Зеленски објави дека Украина забрзано аплицира за влез во блокот. Во исто време, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека полноправно членство на Украина во Алијансата е невозможно за време на оружен конфликт.
Москва внимателно ја следи ситуацијата и се сеќава дека токму ориентацијата на Киев кон Алијансата станала една од причините за почетокот на воениот руско-украински судир. Р.С.