Министерот за внатрешни работи на Косово Џељал Свечља денеска изјави дека досега 578 косовски Срби, припадници на косовската полиција, поднеле оставки.
На заедничката прес-конференција со косовскиот премиер Аљбин Курти тој рече дека тие оставки се резултат на уцени.
– Официјално се поднесени 578 оставки, од кои 461 се од полицијата за јавен ред, 107 од граничната полиција и десет од одделот истрага. Тие оставки се поради уцена, загрозени им се животите на самите полицајци доколку не поднесат оставка – рече Свечља.
Според него, евидентно е дека дел од тие „оркестрирани настани“ не биле организирани од локални Срби „туку од одредени групи организирани во соработка со Вучиќ“.