Пратениците го избраа спикерот на 49. Народно собрание на Бугарија
Од вчера, Росен Жељазков е избран за претседавач на 49. Народно собрание. Според Уставот, Бугарија е парламентарна република, што го прави Жељазков прв меѓу носителите на највисоките државни функции во Р Бугарија. Роден е во Софија во 1968 година, а по професија е правник.
Росен Жељазков е еден од најдоверливите луѓе на Бојко Борисов во партијата ГЕРБ, особено по повлекувањето на Цветан Цветанов од партијата. Во периодот 2011-2013 година бил претседател на Управниот одбор на Институтот за јавна администрација и претставник на Република Бугарија во Европскиот институт за јавна администрација (ЕИПА) во Мастрихт, Кралство Холандија. Тој беше главен секретар на главниот град, главен секретар на Советот на министри, советник на премиерот, министер за транспорт и од 20 септември 2018 до 12 мај 2021 година, потпретседател на 48-то Народно собрание.
– Во парламентарната традиција потребно е да се кажат зборови од свечен карактер. Сепак, мислам дека ова не е момент за славење. Сите сме свесни за одговорноста, а оваа одговорност се очекувањата на безбедноста, правдата, стабилноста. Овие очекувања претпоставуваат дека знаеме и водиме процеси во насока што одговара на мотото на оваа зграда – да создаваме содржини и со изразни средства што одговараат на честа и достоинството на оваа институција – со овие зборови Росен Жељазков го коментираше изборот за претседател на Народното собрание, по што го зазеде претседавачкото место во парламентот.