Фото: Веб-страница на МВР на Србија

Повеќечасовни рафални пукотници се слушаа денес во зелениот појас на Суботица, Макова седмица.

Станува збор за место на кое наводно има повеќе неформални криумчарски пунктови и каде што и претходно се случувало да има вооружени пресметки на спротивставени криумчарски банди.

Најсериозниот судир беше лани во јули кога беа повредени повеќе луѓе, а имаше и еден загинат.

Како што објавуваат српските медиуми, полицијата излегла на терен, а на жителите во тој дел од Суботица кои и ја повикале полицијата, им било речено да не излегуваат од домовите.

Полицијата се сомнева дека станува збор за пресметка меѓу азиланти.