Фото: ЕПА

Грција

Медиумите во Грција известуваат дека антитерористичките единици во Грција уапсија шест лица по полициска акција во Атина во врска со терористичка група што ја презеде одговорноста за три бомбашки напади и им се закануваше на судиите. Покрај шестемина уапсени, меѓу кои и двајца активни војници, во бомбашките напади, кои се предмет на истрагата, наводно, се вклучени уште четири лица што се во затвор за други кривични дела. Сите 10 осомничени се соочуваат со обвиненија, вклучувајќи и членство во терористичка организација, обид за убиство и кршење на Законот за оружје и експлозиви.
Во голема акција полицијата претресла десет куќи и запленила оружје, експлозиви, куршуми, како и мобилни телефони и компјутери. Полициската единица за борба против тероризмот изврши рација во различни делови на Атина во врска со нападите извршени од екстремни левичарски екстремисти, вклучувајќи и пакет-бомба испратена до обвинителот на Апелацискиот суд во Солун претходно овој месец.
Непозната анархистичка група наречена „Вооружен одговор“ ја презеде одговорноста претходно во објава на интернет и додаде дека ќе ги засили нападите врз судството во знак на солидарност со затворените колеги милитанти. Р.С.