Фото: Инстаграм/Официјален профил на претседателот на Србија Александар Вучиќ

Острата критика на косовскиот премиер Албин Курти кон европскиот посредник во преговорите меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак е во центарот на вниманието на косовската јавност.

Курти го обвини Лајчак дека тој работи против Косово и дека ги застапува интересите на Србија наместо да посредува, пренесе „Алџезеира“.

Претставниците на Европската унија ги отфрлаат обвинувањата, додека косовските опозициски партии тврдат дека Курти погрешно управува со дијалогот и ги заострува односите со сојузниците.