Глобалната иницијатива против организираниот криминал предупредува

Криминалот од Солунското пристаниште се пробива и до Македонија, се наведува во истражувањето на Глобалната иницијатива против организиран криминал за ранливоста во безбедноста на балканските пристаништа.
Пристаништата со контејнери во Југоисточна Европа стануваат сè поранливи на трговија со недозволени стоки, се вели во извештајот насловен „Порозни пристаништа: Истражување на поморските балкански патишта“, публикуван вчера од Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал. Истакнувајќи голем број големи заплени на кокаин, хероин и цигари од 2018 година, па до ден-денеска, авторите сугерираат дека традиционалниот „балкански пат“ за трговија преку копно се дополнува со поморски патишта што стигнуваат до пристаништата во Јадранско, Егејско и Црно Море.
„Се чини дека има промена во моделите и шемите на шверц. Тоа, веројатно, е така поради мерките наменети за ограничување на миграциските текови и ковид-кризата, ефектот на големите заплени на кокаин во Белгија и во Холандија и прекинот предизвикан од војната во Украина, па сега шверцерите бараат алтернативни патишта – изјави коавторот на истражувањето, Волтер Кемп.

Големите заплени на кокаин – обично затскриен во кутии со банани – во пристаништата во Драч (Албанија), Плоче и Риека (Хрватска) и Солун (Грција) предизвикаа сомнеж дека пристаништата во Југоисточна Европа стануваат сѐ поатрактивни за трговците со луѓе.
Овие констатации одат во прилог на големите заплени на хероин во пристаништата во Констанца (Романија), Копер (Словенија) и во Варна (Бугарија), како и долгогодишниот проблем со шверцот на цигари, кој се одвива особено преку пристаништата во Бар (Црна Гора) и во Пиреја (Грција).
Базираните заклучоци се врз студија на случај за овие девет комерцијални пристаништа во регионот, а извештајот ги следи главните маршрути на трговија со луѓе и ги објаснува употребените техники за прикривање. Извештајот ги разгледува и екосистемот на пристаништата и нивните ранливости и ги опишува криминалните актери што дејствуваат во и околу пристаништата.
„Во некои пристаништа се чини дека постојат ќелии на криминални групи што работат како дел од пошироки транснационални мрежи“, вели главниот автор Руџеро Скатуро.
Неколку пристаништа се магнети за криминал, кои не само што привлекуваат локални криминални групи туку ги привлекуваат и оние од земјите без море на кои им е потребен излез до море.