Кремљ објави дека внимателно ја следи тензичната и политички опасна ситуација во Косово, каде што етничките Срби поставија барикади на патиштата, што предизвика оружен конфликт со косовската полиција и четири лица беа убиени.
– Гледаме многу напната и потенцијално опасна ситуација на Косово и внимателно ја следиме – изјави портпаролот Дмитриј Песков.
Група вооружени локални Срби поставија патна барикада во близина на селото Бањска во неделата рано наутро, а потоа убија косовски полицаец од групата, која дошла да интервенира. Во продолжението на конфликтот загинаа тројца Срби од Косово, кои во меѓувреме се забарикадираа во манастир.
Иако конфликтот почна со поставување барикади, српскиот претседател Александар Вучиќ ги обвини КФОР и косовскиот премиер Аљбин Курти за насилството.
„Барикадите требаше да ги отстрани КФОР бидејќи тие се задолжени за слободата на движење, а не косовската полиција“, рече Вучиќ.
Истовремено, тој ја отфрли одговорноста на официјален Белград за самоорганизирање на Србите посочувајќи дека „тие се побунија затоа што повеќе не сакаат да го трпат теророт на Курти“. Тој ја обвини и меѓународната заедница дека му дала отворени раце на Курти и ја овозможила акцијата на косовската полиција.
САД острo ги осудија насилните напади врз полицијата на Косово, повикаа на воздржаност од Белград и Приштина
Ги повикуваме властите на Косово и Србја да се воздржат од секакви акции и реторика кои можат и понатаму да ги разгорат тензиите и веднаш да пристапат кон координација со меѓународните партнери да се деескалира ситуацијата, да се обезбеди сигурност и владеење на правото и да се вратат на дијалогот со посредство на ЕУ, изјави Блинкен.
САД, пак, најостро ги осудуваат вчерашните „координирани“ насилни напади врз полицијата на Косово во близина на манастирот Бањска и изразуваат длабоко сочувство до семејството на косовскиот полицаец убиен за време на служба.
Како што изјави државниот секретар Ентони Блинкен денеска, „сторителите на ова злосторство мора да бидат повикани на одговорност преку транспарентет процес“.
– Ги повикуваме властите на Косово и Србја да се воздржат од секакви акции и реторика кои можат и понатаму да ги разгорат тензиите и веднаш да пристапат кон координација со меѓународните партнери да се деескалира ситуацијата, да се обезбеди сигурност и владеење на правото и да се вратат на дијалогот со посредство на ЕУ – изјави тој.
Од САД укажуваат дека косовската полција е целосно одговорна за спроведување на законот во Република Косово.
Оттаму високо ја оценуваат тесната координација на косовската полиција со мисијата на ЕУ за владеење на правото и со силите на НАТО, посебно во обезбедување сигурност за цивилите.
САД продлжуваат да го следат текот на настаните и се координираат со сите вклучени страни, се посочува во соопштението.