Хрватска

Хрватското министерство за култура откупило книги од украинските издавачи за потребите на над двесте народни библиотеки во Хрватска, кои ќе може да ги користат украинските деца и бегалци. Покрај ова, во Загреб е претставен и хрватско-украински речник.
– Овие книги се важни за украинските деца. Овој проект е реализиран брзо, во соработка со украинските издавачи. Покрај ова се разгледува и можноста, покрај двојазичните хрватско-украински вежбанки, да се издадат и други двојазични изданија – изјави Нина Обуљен Коржинек, министерка за култура во хрватската влада.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи на Хрватска, од 24 февруари до 14 јуни 2022 година во земјата влегле 19.736 раселени лица од Украина, од нив 6.729 се деца.