Хрватскиот претседател прашува
Ова е сериозен инцидент. Треба да се утврди како е можно беспилотно летало од шест тони со големина на авион да „помине повеќе од еден час над членка на НАТО, а никој да не го забележи. Како што стојат работите, полетало од Украина и паднало над Загреб кога останало без гориво, изјави денеска хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, откако синоќа синоќа околу 23 часот во Загреб се урна дрон од руско производство.
– Не добивме никаква дојава. Објектот летал над Унгарија повеќе од 40 минути, во Хрватска летал помалку од седум минути и паднал во областа Јарун, во Загреб, за среќа без жртви. Ова е сериозен инцидент и ние така се однесуваме кон него. Во тек е истрага, сакаме да ги утврдиме сите детали – рече Милановиќ.
Милановиќ, ги повика граѓаните да останат смирени, посочувајќи дека според проценките ова не било насоченко кон Хрватска.
Во моментов, предмет на сериозна истрага е како е можно никој да не го забележал ова, рече Милановиќ, со оглед дека леталото во хрватскиот воздушен простор било многу кратко време.
– Ќе се утврдуваат фактите. Како е можно несофистициран авион да помине повеќе од еден час над членка на НАТО, а никој да не го забележи? Во истрагата се вклучени воени служби. Како што стојат работите, леталото полетало од Украина, паднало над Загреб кога останало без гориво – рече Милановиќ.
Советникот на министерот за одбрана на Украина, Маркијан Лубкјивски денеска за загрепски „Јутарњи лист“ изјави дека авионот што паднал во паркот во Загреб не е украински и дека очекува официјално соопштение од украинското Министерство за надворешни работи во соработка со Генералштабот на украинската армија.