Утрово околу 8 часот и 20 минути во основни и средни училишта во Белград пристигнале дојави за подметнати бомби, јавија белградските медиуми.
Полицијата е на тие локации и е во процес на проверка на тврдењата за поставени бомби.
Децата и вработените се евакуирани од училиштата.
И во претходните недели постојано имаше дојави за бомби во училиштата, последната беше во петокот, наведуваат локалните медиуми.
Повеќе од една година пристигнуваат извештаи во училиштата и разни институции, а еднаш на мета беше и РТС.
Родителите се вознемирени, некои не ги пуштаат децата на училиште иако сите пријави биле лажни, јави Н1.
Во октомври и ноември основното училиште „20 Октобар“ со недели се добиваа лажни пријави, децата беа префрлени и на онлајн настава, а кога се вратија на училиште пристигна нова закана за вооружен напад. Наместо состанок на Советот на родители, родителите се собраа во училишниот двор и одржаа протести, наведува медиумот.
Од МВР на Србија засега нема информации што се случува и кој стои зад толку голем број лажни пријави.