Албанија

Барањата на албанските државјани за добивање азил во земјите на Европската Унија во 2021 година се најмногубројни од земјите од опкружувањето и се меѓу првите десет во светот. Ова го објави Европската канцеларија за поддршка на азил, која меѓу другото соопшти дека до октомври минатата година биле поднесени дури 65.400 барања за азил во земјите на ЕУ.
Според Европската канцеларија за поддршка на азил, граѓаните на Авганистан се на прво место по бројот на баратели на азил и тие на годишно ниво имаат по 11.300 поднесоци. Потоа следуваат Сирија со 10.600 барања за азил, Ирак со 3.100, Турција со 2.600, Венецуела со околу 2.500 барања и Бангладеш со вкупно 2.400 барања за азил. Според овие податоци, албанските државјани поднеле 1.500 барања за азил во земјите на ЕУ и се на десеттото место.
Во извештајот исто така се наведува дека и земјите како Пакистан, Колумбија и Грузија доминираат во барањата на нивните граѓани да обезбедат документи и легален престој во некои од земјите на Унијата.
Според канцеларијата на ЕУ за азил, од државите од регионот, по Албанците, најмногу азил побарале граѓани на Србија, Косово, Македонија и БиХ.