Според најавите, нуклеарната централа ќе генерира струја од 35 милијарди киловати на час годишно, со што ќе обезбеди околу 10 отсто од потрошувачката на енергија во Турција. Електричната енергија произведена од топлината на горивните прачки ќе биде еквивалентна на енергијата добиена од 124.500 вагони со јаглен, со што ќе се спречат вкупно 2,1 милијарда тони емисии на јаглерод во текот на 60-годишниот работен век на електроцентралата
Турција добива нуклеарен статус
Првата турска нуклеарна централа „Акују“ официјално доби статус на нуклеарна постројка со испорака на првото нуклеарно гориво до локацијата на централата, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, објави деновиве ТРТ Балкан.
– Со испораката на нуклеарни горива по воздушен и морски пат до нашата електроцентрала, „Акују“ сега се стекна со статус на нуклеарна централа. Иако со 60-годишно задоцнување, Турција сепак се издигна во лигата на земји со нуклеарна енергија во светот – рече Ердоган за време на неговото обраќање преку видеоконференција, на официјалната церемонија за испорака на нуклеарното гориво.
Еден од најголемите заеднички проекти во турско-руската историја
Меѓувладин договор за постројката во јужната област Мерсин беше потпишан меѓу Турција и Русија во мај 2010 година. Церемонијата на отворањето на централата беше одржана на 3 април 2018 година, по што започна изградбата на првиот блок.
– Како и многу важни проекти, „Акују“ беше спроведен со модел на финансирање што не го оптоварува нашиот национален буџет. „Акују“ е нашата најголема заедничка инвестиција со Русија – рече Ердоган.
Тој додаде дека проектот, кој ќе придонесе за намалување на увозот на природен гас во Турција за 1,5 милијарда долари годишно, исто така позитивно ќе влијае на зголемувањето на националниот доход.
Постројката, која се очекува да има инсталирана моќност од 4.800 мегавати и четири реактори, треба да започне со производство на енергија подоцна оваа година.
Карактеристично е што на церемонијата преку видеоврска се обрати и рускиот претседател Владимир Путин. Тој најпрвин истакнал дека „со соработката за изградба на овој објект дополнително се зајакнати руско-турските односи“. Но сепак тој нагласил дека „овој успех немаше да биде возможен без раководството на претседателот Ердоган“.
– Турција влегува меѓу земјите со нуклеарна енергија, еден од најповолните извори на светот – истакнал Путин, додавајќи дека „системот во нуклеарната централа „Акују“, НГС, е еден од најмодерните и најдоверливите во светот“.
За време на церемонијата, турскиот претседател Ердоган, во светло на искуството со изградбата на централата „Акују“, најави почеток на работата на втората и третата нуклеарна централа во Турција.
Пет клучни факти за „Акују“:
Според најавите, централата ќе генерира струја од 35 милијарди киловати на час годишно, со што ќе обезбеди околу 10 отсто од потрошувачката на енергија во Турција. Работите на изградбата на тој комплекс сè уште траат. Сите единици се очекува да бидат функционални до крајот на 2026 година.
Мајски договор
Меѓудржавниот договор за изградба на оваа нуклеарна електроцентрала беше потпишан меѓу Турција и Русија во мај 2010 година. Церемонијата на положување камен-темелник се одржа на 3 април 2018 година, по што започна изградбата на првата единица.
Фази на изградбата
Изградбата на втората единица започна на 8 април 2020 година, а првата серија бетон за третата единица беше излеан на 10 март 2021 година. Градилиштето на електроцентралата „Акују“ се смета за едно од најголемите градилишта од ваков вид во светот. Темелите на четвртиот реактор беа поставени на 21 мај минатата година.
Колкава моќност има?
Дизајнирана да има инсталирана моќност од 4.800 мегавати со вкупно четири реактори ВВЕР-1200, централата ќе почне да произведува електрична енергија во 2023 година.
Шеесет години работен век
Според најавите, ќе генерира струја од 35 милијарди киловати на час годишно, со што ќе обезбеди околу 10 отсто од потрошувачката на енергија во Турција.
Електричната енергија произведена од топлината на горивните прачки ќе биде еквивалентна на енергијата добиена од 124.500 вагони со јаглен, со што ќе се спречат вкупно 2,1 милијарда тони емисии на јаглерод во текот на 60-годишниот работен век на електроцентралата.
Вработување на 4.000 луѓе
Работите на изградбата на тој комплекс сè уште траат. Сите единици се очекува да бидат функционални до крајот на 2026 година.
Со првата испорака на нуклеарно гориво се чека за да започне процесот на прелиминарно тестирање и подготовките за пуштање во функција на првата од вкупно четирите реакторски единици. Преостанатите три единици ќе станат оперативни во следните три години, на начин што секоја година ќе се отвора по една.
– Три блока ќе почнат со работа со разлика од една година, бидејќи 10 отсто од електричната енергија во нашата земја ќе се задоволува од оваа електроцентрала – рече Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција.
Тој додаде дека нуклеарната централа ќе донесе 6,5 милијарди долари за економијата на земјата.
Откако електроцентралата ќе стане целосно оперативна, се очекува вработување на околу 4.000 луѓе.
Подготвил: Mарјан Велевски