Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, го поздрави економскиот договор меѓу Белград и Приштина што попладнево беше потпишан во Белата куќа.

Харадинај претходно се закани дека поради несогласување со некои од точките ќе ја напушти владејачката коалиција ако договорот биде потпишан.

Тој на Фејсбук напиша дека вистинските пријатели секогаш ја разбираат вистинската грижа. Вели дека е задоволен затоа што прашањето за акумулацијата на езерото Газивода е решено на задоволителен начин и додал дека улогата и посветеноста на САД отсекогаш била непоколеблива.