Летниот бран на ковид-19 ќе биде бран што ќе донесе зголемувања и намалувања на случаите, но нема да постои притисок врз здравствениот систем, вели министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис, и додава дека пораст на новозаразени има во сите европски земји. Во однос на ситуацијата на грчкиот остров Миконос, каде што 37 отсто од тестираните се позитивни, министерот за здравство на Грција посочи дека процентот како процент не кажува ништо, бидејќи се тестираат оние што имаат симптоми и „процентот не значи и хоспитализации“.
Десетици ветерани на ОВК вчера се собраа на плоштадот „Скендербег“ во Приштина за да го изразат своето противење на усвојувањето на предлог-законот за зголемување на минималната плата. Во предлог-законот е испуштено зголемување на нивните пензии.
Вршителот на должноста претседател на Организацијата на воените ветерани на ОВК, Фатон Клинаку, на Фејсбук објави дека ќе биде организиран автобуски превоз, со цел на протестот да се приклучат и ветерани од цело Косово.
Пред почетокот на протестот, голем број полициски сили беа забележани околу зградата на Собранието, каде што ќе се одржи протестот.
Вчераутро избувнал пожар во автобус што превезувал педесетина ученици на екскурзија во Хрватска. Според Сплитско-далматинската полициска управа, во пожарот нема повредени.
Автобусот возел на релацијата Имотски – Загвозд, јавија хрватските медиуми.