Босна и херцеговина
Дијалогот меѓу Србија и Косово нема никакви врски со други држави во регионот и тие се однесуваат само на Белград и Приштина, беше соопштено по средбата на заменикот на помошник-секретарот на САД и специјалниот претставник на Стејт департментот за Балкан, Метју Палмер, со членовите на Претседателството на БиХ во Сараево.
– Тоа е нешто што го знаевме од порано, но тоа го слушнавме и од претставник на американската администрација – изјави Шефик Џаферовиќ, претседавач со тричленото Претседателство на БиХ
Членот на српската заедница Милорад Додик претходно ја критикуваше меѓународната заедница за стекнувањето право на Косово да се оддели од Србија, а истото тоа му беше оневозможено на ентитетот Република Српска.
Американскиот претставник во вторникот во Берлин оствари средба со високиот претставник во БиХ, Валентин Инцко, на која била истакната важноста од надминувањето на предизвиците за спроведување на Дејтонскиот мировен договор, а клучните политички фактори во БиХ да се насочат кон иднината и економскиот развој и јакнењето на институционалните капацитети во земјата, пренесе „Ал џезира“.