БУГАРИЈА

Втората по големина парламентарна партија во Бугарија ГЕРБ го врати мандатот за формирање влада. Бугарскиот претседател Румен Радев му го врачи мандатот за состав на бугарска влада на Даниел Митов од ГЕРБ, но како што беше најавено претходно, Митов веднаш му го врати мандатот на Радев.
Првиот мандат за состав на влада му беше доделен на победникот на минатомесечните избори Има таков народ (ИТН), на шоуменот Слави Трифонов, но тие соопштија дека немаат намера да формираат влада. Во согласност со Уставот, Радев вчера ѝ го додели мандатот на ГЕРБ на Бојко Борисов, но и тие рекоа дека не можат да состават влада бидејќи го немаат потребното мнозинство.
Третиот мандат ќе ѝ биде доделен на Бугарската социјалистичка партија (БСП), чија претседателка Корнелија Нинова претходно најави дека ќе се обидат да формираат влада и по добивањето на мандатот ќе почнат консултации со Демократска Бугарија и Исправи се, Бугаријо! Ние доаѓаме, бидејќи трите партии имаат заеднички основа на која може да ги дефинираат приоритетите и политиките на новата власт. Но таа вели и дека БСП не се откажала од идејата техничкиот владин кабинет да стане редовна влада.
Во Бугарија сега имаа техничка влада што ја формира Радев по изборите во април годинава, кога ниту една партија не успеа да формира влада. Потоа беа закажани уште едни, вонредни, парламентарни избори, на 11 јули, но Бугарија сè уште не може да формира влада.