Земјотрес со јачина од 4,5 степени по Рихтер го погоди северот на Италија, а беше почувствуван и во Хрватска, од Истра до Задар. Епицентарот бил на 22 километра од Верона.
По земјотресот, околу 14 часот, со интензитет од 3,4 степени, следувал посилен потрес со јачина од 4,4 степени. Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, регистриран е земјотрес со епицентар на 22 километра од градот Верона на длабочина од девет километри.