Судот во Аруба им изрече затворски казни од девет до 15 години за 11 црногорски државјани, членови на екипажот на бродот „Ареша“, на кој биле пронајдени пет тони кокаин, соопшти денеска полициската управа на Црна Гора.
– На овој успех му претходи размена на докази и информации од полициската управа на Црна Гора и СДТ со властите на Аруба и другите земји вклучени во истрагата – соопшти Полициската управа на својот официјален профил на Твитер.