Голем шумски пожар изби во источнот дел на Атика, поточно во општината Рафина. Во гаснењето на пожарот учествуваат 47 пожарникари со 20 возила, два пешадиски тимови, два специјални тимови, два авиони и три хеликоптери, соопшти противпожарната служба на Грција.

Шумскиот пожар е во близина на населбите каде што пред точно една година во катастрофалните пожари животот го загубија 102 лица.

Активен е уште еден шумски пожар, исто така во источниот дел на регионот Атика. Таму интервенираат 13 пожарникари со пет возила, еден авион и еден хеликоптер.