Албанскиот премиер Еди Рама на денешната пленарна седница на Парламентот најави дека во текот на идната година владата ќе испрати два сателита „Албанија1“ и „Албанија2“ во орбитата.
Неговата изјава наиде на потсмев на опозицијата но тој продолжи игнорирајќи ги.
– Ќе купиме дронови. Ќе испратиме и сателити во орбитата. Смејте се, смејте се. Кога ќе ги видите сателитите „Албанија“ во орбитата и тоа не во следниот мандат, туку идната година. Тоа ќе бидат Албанија 1 и Албанија 2 – рекол Рама, пренесува „АБЦ њуз“.
Со тоа, додава истиот извор, Албанија се очекува да биде прва земја од регионот што ќе испрати сателити во орбитата.
Меѓу 10-те главни земји кои доминираат во сателитската индустрија се САД, Кина, Русија, Велика Британија, Јапонија, Индија. Се смета дека има околу 7.941 сателити, поголемиот дел им припаѓаат на САД, наведува телевизијата.