Партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов соопшти ќе ја номинира светската шампионка во шах Антоанета Стефанова за премиер, но таа веднаш ќе го врати мандатот бидејќи немаат потребен број на пратеници и коалициски партнери за формирање на влада.
– Наш предлог за премиер е светската шампионка во шах Антоанета Стефанова. Таа има економско образование и зборува пет јазици. Споредбите и заклучоците ги оставам на вас. Се разбира, Антоанета Стефанова ќе го врати мандатот веднаш. За секунда. Бидејќи „Има таков народ“ нема потребен број на пратеници или партнери за формирање влада. Стабилна влада. Предложената поддршка е од политички субјекти кои се штетни, алчни и докажано дека се компромитирани. Значи, Антоанета Стефанова ќе го прифати мандатот со почит и ќе го врати веднаш. Законот, уставот и демократијата ни даваат можност да направиме подобар избор – рече Трифонов.
Минатата недела мандатот го врати и кандидатот на ГЕРБ – партијата на досегашниот премиер, Бојко Борисов, која освои најмногу гласови на изборите во Бугарија.