Лекарската комора на Словенија достави предлог до Владата на Словенија да се воведе можноста за оправдано отсуство од работа до три дена без посета на матичен лекар. Според Комората, тоа трајно ќе го растовари медицинскиот персонал, бидејќи пишувањето лекарски уверенија за вакви болести е „бирократски товар“ и непотребно.
Како аргумент за таквиот став, лекарите наведуваат дека, според нивното искуство, релативно малку вработени користат краткотрајно боледување и дека најчесто станува збор за мал здравствен проблем, кој исчезнува за неколку дена, па затоа не е потребна посета на пациентот во амбуланта. Тие предлагаат и некои од административните работи во амбулантите со кои сега се оптоварени лекарите да им се префрлат на медицинските сестри, а долгото боледување да се регулира во заводите за здравствено осигурување.
Партијата Има таков народ на Слави Трифонов остана без уште еден пратеник. Кирил Симеонов вчера од собраниската говорница во бугарскиот парламент објави дека излегува од неговата досегашна партија. Од партијата на Трифонов заминаа шест пратеници.
Неговата партија излезе од владината коалиција, а вчера со нејзина помош опозициските ГЕРБ, ДПС и Преродба му изгласаа недоверба на досегашниот претседател на Народното собрание, Никола Минчев, и го сменија од функцијата.
Симеонов во емотивниот говор рече дека му е срам што вчера гласал заедно со ГЕРБ и ДПС.
Претставници на Организацијата на бранителите на поранешната ОВК вчера објавија дека бил постигнат договор со косовскиот премиер Албин Курти за барањето за вклучување на ветераните во Законот за минимална плата. Поранешните борци на ОВК протестираа пред собранието на Косово, затоа што со предлог-законот за минимална плата не ги опфаќа бранителите.