Фото: Пиксабеј

Турската национална разузнавачка служба (МИТ) и Одделот за антитероризам на полицијата во Истанбул, во заедничка операција, привеле седум лица осомничени дека ѝ дале информации на израелската разузнавачка служба Мосад, објавија турските медиуми.

Според извори од турските безбедносни сили, на кои се повикуваат турските медиуми, меѓу приведените е и приватниот истражител и поранешен државен службеник Хамза Турхан Ајберк. Мосад воспостави контакт со Ајберк преку агент со кодно име „Викторија“. Според турските разузнавачки служби, Ајберк давал информации на Мосад во замена за награда од криптовалути.

Како што пишуваат турските медиуми, повикувајќи се на безбедносни извори, за да собере информации, вклучително и за активностите на поединци и компании од Блискиот Исток во Турција, Ајберк формирал група во која имало и владини претставници, во координација со Мосад користел шифрирани апликации за комуникација, а освен со пренесување информации, се занимавал и со закани и надзор.