Обвинителството на западната мексиканска држава Халиско објави дека полицијата на периферијата на градот Гвадалахара пронашла 18 најлонски кеси полни со отсечени делови од тела.
Полицијата синоќа пронашла дел од човечко тело во близина на надвозник на автопат, а тоа ги довело до куп залепени вреќи, поставени во ров во близина.
Отсечените делови се испитуваат за да се утврди колку тела се во прашање, пренесува АП.
Во ноември, властите пронајдоа 113 тела и делови од тела во тајна гробница во градот Ел Салто, близу Гвадалахара. Во текот на 2020 година, откриени се вкупно 189 трупови во градот и неговата околина.
Државата е седиште на картелот Халиско нова генерација, еден од најнасилните и најмоќните во Мексико.
Во тајните гробници се пронајдени повеќе тела отколку во која било друга земја во последните неколку години. Картелот со години се бори против отцепени фракции во и околу Гвадалахара.
Повеќе од 80.000 лица се водат за исчезнати од почетокот на војната против дрогата во Мексико во 2006 година.