Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер денеска ги повика земјите членки на ЕУ на борба против „тесноградиот национализам, додека се уште има време“.
– Треба да се мобилизираме пред опасноста што доаѓа од екстремната десница, на која патот и го трасираат безумниот популизам и тесноградиот национализм, изјави Јункер при обраќање во Виена на свеченост по повод стогодишнината од создавањето на Република Австрија.
Осврнувајќи се на подемот на нацизмот во 30-те години на минатиот век, Јункер порача дека почучена од тоа искуство, Европа треба да ги спречи појавите на популизам и национализам „додека се уште има време“.
– Треба да водиме дебати, дискусии и да изнесуваме аргументи, а не да се правиме дека тие појави не постојат. Треба да се потсетиме дека демократијата бара битка, бунт и посветеност, во позитивна смисла на зборот, порача Јункер.