Пет луѓе загинаа, а едно лице е повредено при пад на хеликоптер во близина на јужнокорејскиот град Поханг, соопшти денеска морнарицата на Јужна Кореја.
Хеликоптерот прво се запалил, а потоа паднал од висина од околу 10 метри.
Несреќата се случила во поморската база, каде секоја година американските и јужнокорејски маринци одржуваат вежби.
Сė уште не се познати причините за несреќата, а истрагата е во тек.