Ураганот Хенри утрово ослабна и се претвори во тропска бура, додека милиони луѓе на њујоршкиот Лонг Ајленд и јужниот дел на Нова Англија се подготвуваат за поплави и прекин на електричната енергија.
По ажурирањето на податоците од најновата ситуација, во осум часот наутро по источно време од Националниот центар за урагани (НХЦ), бурата имаше сила со брзина од 70 километри на час, пишуваат светските медиуми.
Најсилните ветрови се на брегот на Роуд Ајленд, а плимата се заканува да предизвика опасни бранови.
Белата куќа соопшти дека претседателот Џо Бајден разговарал за подготовките со гувернерите на Североисток и дека почнал да ги одобрува вонредните декларации во пресрет на невремето.