Повеќе од десет илјади домаќинства и деловни објекти во Далас останаа без струја поради торнадо што го погоди овој американски град.
Ударите на ветрот достигнале јачина до 140 километри на час, а во 16 окрузи во Тексас прогласена е декларација за катастрофи, пренесе „АП“.
Неколку куќи се значително оштетени во близина на аеродромот, додека самот аеродром не претрпел материјална штета.
Во источна Оклахома загинаа три лица, од кои двајца тинејџери, кои починале од труење од јаглерод диоксид додека се обидувале да уклучат светло, а едно лице настрадало кога дрво паднало врз неговата куќа.
На аеродромот во северен Тексас и Арканзас откажани се летовите, како и на меѓународниот аеродром во Далас.