Од топлотни бранови и големи студови во САД до поплави во Европа и песочни бури во Кина, низа меѓусебно поврзани природни катастрофи ги зафатија сите краеви на планетата Земја оваа година.
Меѓувладиниот панел за климатски промени (ИПЦЦ) заклучи дека „непобитен факт“ е тоа што човечката емисија на стакленички гасови предизвикува екстремни временски услови во светот. Поточно, извештајот од 9 август го обвинува човештвото за зголемувањето од 1,1 Целзиусов степен на сите глобални температури забележани од Индустриската револуција од 1760-1840 година.
Извештајот на ИПЦЦ заклучи дека човечката активност предизвикува поекстремен интензитет и зачестеност на временските услови, особено кога станува збор за дождовите, сушите и тропските циклони. Како што забрзува глобалното затоплување низ годините, најверојатно во иднина светот го очекуваат досега незабележани климатски настани.