Русија свика итна седница на Советот за безбедност на ОН поради денешните напади на САД, Велика Британија и Франција врз Сирија, соопшти Кремљ.
Во соопштението се посочува дека претседателот на Русија, Владимир Путин ги осудил нападите врз Сирија, каде „руски војници и помагаат на легитимната Влада во борбата против тероризмот“.
– Акциите на САД дополнително ја усложнуваат хуманитраната катастрофа во Сирија и тие носат одговорност за страдањата на мирното населние – оценил Путин.
Според него, САД ги „затвораат очите пред дејствувањето на терористите, кои седум години го имачуваат сирискиот народ и поттикнуваат бран бегалци од земјата и регоонот“.
– За нападот врз Сирија беше искористен исцениран случај на употреба на отровни супстанци против цивилното население во Дума. Повторно, како и пред една година кога САД ја нападнаа базата Шајрат во Сирија, како повод искористија исцениран случај на употреба на отровни супстанци – порача Путин, додавајќи дека нема потврда оти во Дума имало напад со хемиско оружје.
Според Путин, ескалацијата на тензиите во Сирија има „разурнувачко влијание врз целокупниот систем на меѓународни односи“.
– Историјата ќе го каже своето. Таа веќе му ја припиша на Вашингтон тешката одговорност за крвавите конфликти во Југославија, Ирак и Либија – истакна Путин во писмената реакција.