Во германската коалициска влада е постигнат договор да се продолжи траењето на програмата за скратено работно време на две години, од сегашните максимум 12 месеци.
Ова беше направено како дел од дополнителните мерки за ублажување на последиците од коронавирусот врз економијата.
Коалиционите партнери постигнаа договор да дозволат продолжување на тој вид државна поддршка за надомест на платите на работниците чиј работен час е скратен поради пандемијата на коронавирус на 24 месеци за сите компании кои поднесуваат барање до крајот на оваа година. Со тоа, тие сакаат да спречат масовни отпуштања, пишува „Себиз“.
Исто така, беше решено да се прошири давањето на финансиска помош за малите бизниси до крајот на оваа година и да се олеснат правилата за банкрот, во обид да се спречи бран на стечај.
Дополнителни мерки договорени во владата предводена од премиерот Ангела Меркел со цел да се ублажат последиците од коронавирусот, може да ја чинат Германија 10 милијарди евра, изјави германскиот министер за финансии Олаф Шолц, пренесува „Ројтерс“.