Повеќе од 1.800 патници и речиси ист број членови на екипажот на крузерот „Ворлд дрим“, кои беа ставени под карантин во Хонгконг поради стравувања од зараза со коронавирус, добија дозвола да го напуштат луксузниот брод, пренесоа агенциите, повикувајќи се на информација од весникот „Саут Чајна Морнинг Пост“.
Весникот јавува дека се покажало оти на крузерот нема потврдени случаи на зараза со коронавирус.