Синоќешната расправа за буџетот во турскиот парламент завршила со тепачка меѓу пратениците, јавуваат медиумите во регионот.
Имено, додека се расправало за буџетот на Министерството за внатрешни работи, дошло до тепачка меѓу пратениците на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП).
Пратеникот од Бурса од редовите на ЦХП му се обратил на министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу и го прашал за Сезгин Баран Коркмаз, бизнисмен кој моментално е во затвор во Австрија, кој се соочува со бројни обвиненија во Турција и САД, вклучително и за перење пари, поткуп и измама.
Шефот на опозицискиот лидер на ЦХП, Еркан Ајдин, го прашал Сојлу: „Зошто се качивте во авионот на Сезгин Баран Коркмаз? Вашата слика е објавена. Рековте дека нема друг авион. Ќе му кажете на претседателот“.
Како одговор на ова, министерот Сојлу како што пишуваат регионалните медиуми рекол: „Лажеш, измамник си“.
Ајдин му возвратил, што уште повеќе го налутило Сојлу.
Интервенирајќи меѓу двајцата, заменик-претседателот на парламентарната група на ЦХП и потпретседателот на ЦХП, Вели Агбаба, се обидел да ги смири страстите. Но, во расправата се вклучиле повеќе пратеници. По остра вербална расправа пратениците станале. Најпрво дошло до меѓусебно пцуење на пратениците, по што следела тепачка со тупаници.
Поради инцидентот седницата потоа била прекината.
Meclis’te Soylu ile CHP’li vekiller arasında gerginlik: Ortalık karıştı, AKP’li vekiller CHP’li vekillere saldırdı
CHP’li vekiller Meclis’te Soylu’ya Sezgin Baran Korkmaz’ın uçağını kullandığı için tepki gösterince Soylu ‘hesap vereceksiniz’ diyerek vekilleri tehdit etti. pic.twitter.com/f5Lz0VGySB
— Yol TV (@YolTV) December 8, 2021