Европската унија се обидува да ја зголеми својата издржливост на кибер напади и група земји-членки предводени од Холандија денеска побара санкции против кибер криминалците.
На состанок на министрите за надворешни работи во Луксембург, осум земји – Холандија, Велика Британија, Финска, Данска, Литванија, Естонија, Летонија и Романија, повикаа на итно создавање правна рамка која ќе овозможи да се преземат казнени мерки против компјутерските пирати.
– Отсуството на цврсти меѓународни активности создава чувство дека кибер нападите ќе остануваат неказнаети – предупредуваат земјите во заедничка декларација.
– Сите се согласуваат да се воведат казни, но најнапред треба да се договориме за правната рамка, бидејќи се јавуваат многу прашања како докажување на одговорноста за одреден напад-објасни еден дипломат.
– Темпото на нападите значително се забрзува. Тој контекст го претвора воведувањето на еден таков режим во итен приоритет- нагласуваат осумте држави и повикуваат европските лидери официјално да го поддржат нивниот предлог на престојниот самит во Брисел оваа недела.