Најмалку осум лица се убиени во три престрелки во југоисточниот дел на САД. Пукањето се случило вчера во салони за масажа во градот Атланта и околината, јавуваат американските медиуми.
Осомничениот е уапсен. Неговото име е Роберт Арон Лонг и има 21 година.
Првото пукање, во кое биле убиени четири лица, а биле ранети две, се случило попладнето во салон за масажа на околу педесет километри од Атланта, најголемиот град во сојузната држава Џорџија, пренесува „Си-ен-ен“.
Набргу потоа, во уште две пукања во Атланта, исто така, биле убиени четири лица во два салони за масажа.
Жртви на двете пукања се жени, наводно со азиско потекло.