Милитантната група Нова ИРА ја призна одговорноста за убиството на новинарката од Северна Ирска, Лир Меккиво со писмо до локалните медиуми.

-За време на нападот на непријателите, Лир Мекки трагично е убиена додека стоела покрај непријателските сили- се наведува во писмото од милитантната група во изјава за весникот „Ирски вести“.

Групата наведува дека искрено се извинува на нејзиниот партнер, семејството и пријателите на Лир Мекки поради нејзината смрт.

Републикански дисенти, во четвртокот вечерта, за време на судири во северноирскиот град Лондондери, ја убија Мекки. Се работи за 29-годишна наградувана новинарка, која пишувала книга за исчезнувањето на младите за време на децениските судири во Северна Ирска. Таа стоела покрај полицијата кога во предградието Креган, по нив почнал да пука вооружен маж.