Рускиот опозиционер ја објави својата прва фотографија на својата страница на Инстаграм откако се разбуди од кома.
„Здраво, овде Навални. Ми недостигавте. Сè уште не можам да работам ништо, но вчера можев цел ден да дишам самостојно. Без никаква помош, дури ниту обичен вентил во грлото не користев. Навистина ми се допадна – напиша Навални на својот профил на Инстаграм.
Германската влада вчера објави дека Алексеј Навални, кој лежи во берлинската болница „Шарит“, бил отруен со отровната супстанца „новичок“. Руската страна негира дека овој отров бил во телото на Навални додека тој бил на територијата на Русија.