САД подготвуваат план за војна против Венецуела, изјави венецуелскиот претседател Николас Мадуро на состанокот со гувернерите и градоначалниците во Каракас.
– Одлучија да подготват план за војна и тероризам во Венецуела, за да ја дестабилизираат и исполнат со насилство, за покренување на вооружен судир и оправдание за воена интервенција врз нашата земја – истакна Мадуро по состанокот, што беше емитуван на државната телевизија.
Мадуро рече САД го избрале Бразил за сојузник, за таа цел.
– Бараме од демократските и хуманитарните кругови, народот во Бразил и вооружените сили на таа земја да запрат каква било авантура против Венецуела на американскиот претседател Доналд Трамп, со поддршка на претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро – рече Мадуро.
Тензиите во Венецуела се зголемија откако опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, чие именување за претседател на Парламентот беше поништено од Врховниот суд на 23 јануари 2019 година, се прогласи за вршител на должноста претседател, а САД го признаа.