По сѐ изгледа најстариот начин за плаќање со кеш од рака на рака засега е во стагнација, а причина за тоа меѓу другото е и стравот на луѓето да не се пренесува случајно вирусот и преку банкнотите, пишува магазинот „Политико“
Здравствената криза ја погоди економијата но и банкнотите
Додека продавниците и рестораните низ светот се затворени поради пандемијата на коронавирусот, купувачите ги префрлаат своите нарачки на онлајн-платформите како „Амазон“ и „Али баба“, а рестораните што работат на принципот за порачка, примаат нарачки единствено со безготовинско плаќање. По сѐ изгледа најстариот начин за плаќање со кеш од рака на рака засега е во стагнација, а причина за тоа меѓу другото е и стравот на луѓето случајно да не се пренесува вирусот и преку банкнотите, пишува магазинот „Политико“.
Економистот на „Хардвард“ Кенет Рогоф предвидува дека кризата може да ги доведе луѓето во апсолутна ситуација тие да почнат да се задолжуваат повеќе отколку да ги земаат во рака книжните банкноти.
И додека банкнотите остануваат во џебовите на Аериканците бидејќи тие немаат каде да ги користат поради настанатата состојба, вакуумот го поплнува дигиталното безготовинско плаќање, кое е брзо, лесно и пред сѐ чисто. Изненадувачки напредок е што ова е огромна можност за онлајн-фирмите како „Пејпал“, чиј генерален директор Ден Шулман вели дека компанијата го дуплирала бројот на трансакции, а истовремено расте и бројот на клиенти што отвараат сметки кај нив. Компанијата за дигитално плаќање што ја предводи директорот на Твитер Џек Дорес вели дека повеќето потрошувачи не сакаат да допираат каква било површина со своите раце.
Без готовина нема ред
Некои промени може да бидат привремени, а некои можеби и не. На технолошките компании што низ годините се наклонети кон виртуелниот, безготовински систем на плаќање и истовремено ги притискаат регулаторите да ги ослободат од ограничувањата, кои ги регулираат традиционалните банки, сега им се понуди вистинската шанса. Повеќе од 200 години хартиената готовина е во центарот на светската економија и прашање е дали општестовото е подготвено заедно со коронавирусот да го убие и кешот.
Паричните навики тешко може да се разбијат и треба да минат години и години за луѓето да почнат наместо од шалтер да ги подигаат парите од банкоматите, особено повозрасните лица, кои за таков чекор секако дека сѐ уште не се подготвени.
Во исто време многумина се убедени дека не треба да полагаат сметки за трошењето на своите пари, како што всушност се прави со онлајн-плаќањето, односно се оставаат траги при секоја транскација.
Вирусот ги истреби навиките на луѓето
Во меѓувреме додека сѐ уште слабо функционира плаќањето сметки преку интернет, купувањето намирници онлајн и доставата на храна секако дека цветаат. И без коронавирусот на луѓето им беше попријатно да не одат по продавниците и залудно да трошат време чекајќи со часови по супермаркетите и банките.
Од друга страна, од стравот од коронавирусот замреа услугите како што се чување деца, чистење на домовите или доаѓање на фризерите по домовите. Во тој контекст, во Кина неодамна дури се појавија и кабини за пробување шминки за жените во кои се наоѓаат и палети и подлоги со шминка во кои купувачите влегуваат сами и ги испробуваат производите без асистенција на продавачот.
Сепак кога ќе се отворат шопинг-центрите и продавниците, прашање на време е кога купувачите повторно ќе посакаат да си купат нешто сами, да ја допрат колата, да го пипнат мебелот што сакаат да го купат за нивниот стан и под дланките да ја почувствуваат ткаенината на предметот што долго време посакувале да го поседуваат.
Дали и тогаш ќе ги приближат безготовинската платежна картичка, празниот хартиен чек или ќе извадат готовина останува да се види.