Британскиот војник, Метју Талбот, загинал во операција за сузбивање на ловокрадците во Малави, кога, како што се верува, бил убиен од слон, пренесува Би-би-си.

Талбот загинал при патрола на 5 мај за време на неговата прва операција, објави британското Министерство за одбрана.

– Овој трагичен инцидент претставува предупредување за опасноста со која се соочува нашата армија, додека ги штити некои од најзагрозените видови во светот од оние кои сакаат да заработат пари преку криминално убивање на дивите животни – рече британската министерка за одбрана Пени Мордон.

Таа истакна дека војникот служел со голема храброст и професионализам.

Неговиот командант, потполковникот Ед Лондерс, изјави дека Талбот бил решителен и смел војник.