Педесетгодишна жена со иницијали Ќ.Ѓ. од Скопје физички нападнала 16-годишен малолетник.

Полицијата соопшти дека нападот се случил вчера напладне на улицата „Иван Цанкар“.

Во текот на вчерашниот ден пријавен е уште еден случај за напад врз малолетник. Мајката на 14-годишнпто момче пријавила дека нејзиниот син бил нападнат од две лица на булеварот Видое Смилевски – Бато.