Џо Бајден и официјално ја прифати претседателската номинација на демократите за изборите во САД.
По тој повод, во обраќањето Бајден истакна дека заедно ќе го надминат мрачниот период во Америка. Тој оцени дека со Трамп САД се во темнина, а во политиките на Трамп имало многу гнев, страв и поделба.
– Дали ова се САД што ги сакате вие, за вашето семејство, за вашите деца? Заедно можеме да ја обновиме Америка – додаде Бајден и повика на обединување на нацијата.
Бајден во говорот му се заблагодари на поранешниот претседател Барак Обама.
– Вие бевте одличен претседател – рече Бајден и додаде дека Обама бил претседател кој ја заслужил сета восхит.