Повиците за поголема контрола на оружјето и менување на законите во САД уште еднаш ги преплавија социјалните мрежи, по нападот на фестивалот за храна во Гилрој, Калифорнија, во кој три лица загинаа и 15 беа повредени, објави „Њузвик“.
Завршницата на фестивалот на лук во Гилрој беше трагична, кога едно лице отвори оган врз масата на учесници, а убиецот брзо потоа беше неутрализиран од полицијата, додека истражуваше и вклученост на уште едно лице во нападот.
Корисниците на социјалните мрежи, особено Твитер, брзо го осудија нападот и твитајки на хаштагот „контрола на оружје веднаш“, со тоа што дел од американската јавност тврди дека доколку властите во САД сакаат да ја зачуваат безбедноста на граѓаните, мораа да се осврнат на зацврстување на регулативите за купување на оружје.
– Ни требаат реформи за законите за оружје и ни требаат брзо – истакна на Твитер претставникот на демократите во Калифорнија, Ерик Свалвел.
Други, пак, го поставија прашањето за тоа како овој напад се случи во сојузна држава која веќе ги има едни од најстрогите закони за оружје во САД. Додека Калифорнија и претходно ги направи построги законите за оружје, оваа година тие додадоа дополнителни рестрикции за проверки при купување на муниција и забрана за купување на оружје за лица под 21 година.
– Ова е зона во кое е забрането оружје, се прашувам како напаѓачите стигнале до него – напиша еден загрижен корискин на социјалните мрежи.
Некои корисници заземаа и порадикални ставови, велејќи дека овој напад врз невини луѓе е доказ дека законите за контрола на оружјето не функционираат во практика.
– Згрозена сум од фактот дека хаштагот „контрола на оружје сега“ е популарен, особено во момент кога контролата на оружје предизвика уште еден напад врз невини луѓе во Калифорнија. Вашата „скапоцена“ контрола на оружје не само што не успеа да го спречи нападот, туку буквално го потткна со осигурувањето на фактот дека луѓето ќе бидат ранливи во зоните каде е забрането оружје – истакна активистката која поддржува слобода на користење на оружје, Кејтлин Бенет.
Повторното актуелизирање на вечната дебата за тоа дали законите за контрола на оружје во практика функциноираат или не ги судри мислењата на многу јавни личности, но и на граѓаните ширум САД. Конкретно во Калифорнија, која има построги закони за ова прашање, досега во 2019 година загинале најмалку 740 лица, а регистрирани се 2.100 инциденти со оружје, завршуваат од „Њузвик“.