Не сфаќаме на што се должат континуираните обвинувања на САД и Велика Британија дека Русија води глобална кампања за кибер-шпионажа, изјави деенска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Вашингтон и Лондон вчера соопштија дека хакери, поддржани од Русија, ги заразиле компјутерски рутери на владини агенции, компании и клучни инфраструктури низ целиот свет.
Песков изјави дека ваквите обвинувања не се поткрепени со какви било докази.
– Како и досега, никој не се мачи – ниту колегите од САД ниту, пак, британски колеги – да побараат некаков, дури и многу слаб аргумент – потенцира тој.
Песков додаде дека не е зачуден од одлуката на САД засега да не воведува нови санкции кон физички лица од Русија, нагласувајќи дека многу е рано тоа да се оцени како израз на добра волја од страна на Вашингтон.
Портпаролот на Кремљ изјави дека ги признава за легитимни само санкциите воведени од Советот за безбедност на ОН, додавајќи дека во претходниот век во светот 174 пати биле воведени меѓународни санкции, од кои близу 110 биле дело на САД.