Техеран се подготвува во март да распореди воени бродови во Атлантски Океан, во рамките на петмесечната мисија, чија цел е спротивставување на присуството на американски носачи на авиони во Персискиот Залив. Иран тврди дека ќе испрати два до три брода, вклучувајќи ја и новата фрегата „Саханд“. Бродот има хелиопад и опремен со противвоздушни проектили.
За Техеран, присуството на американски носачи во заливот претставува сериозна закана и се обидува да го зголеми оперативниот дострел на својата морнарица до територијалните води на САД, стариот непријател на Исламската Република. Пентагон во декември испрати носач на авиони во Персискиот Залив, првпат откако Вашингтон се повлече од нуклеарниот договор со Иран и повторното воведување американски санкции во ноември 2018 година.