Инстаграм објави нови мерки со цел да се справи со малтретирањето на својата платформа.
Од оваа недела, ако корисникот напише коментар кој е идентификуван од страна на вештачката интелигенција (АИ) како навредлив, истиот ќе добие шанса да ја поништи својата објава.
Откако корисникот ќе избере да објави потенцијално навредлива содржина, пред објавувањето ќе му се појави прашањето: „Дали сте сигурни дека сакате да го објавите ова?“
Истовремено се појавува и сина временска линија, која на корникот му дава неколку секунди да го откаже коментарот ако сака да го стори тоа.
Ако корисникот одлучи да не го објавува коментарот, истиот ќе биде избришан, а потенцијалниот примач нема да добие известување за тоа.
Осврнувајќи се на резултатите од тестирањето на својата најнова функција, технолошкиот гигант тврди дека охрабрил дел од корисниците да се премислат во врска со испраќањето навредливи коментари.
„Инстаграм“ наведува дека младите луѓе имаат тенденција да не ги блокираат или отследат другите корисници, дури и во случаи на малтретирање. За да се справи со ова, компанијата за социјални медиуми, исто така, воведува нова опција која се нарекува „ограничи“ (restrict), што ќе им овозможи на корисниците да го ограничат контактот со другите на платформата без другите да знаат за тоа.
Откако корисникот ќе се ограничи, тој или таа нема да може да провери кога сте активни на страницата, ниту пак ќе види кога ќе ги прочитате нивните директни пораки. Ако ограничениот корисник ги коментира вашите пораки, само тие ќе можат да го видат својот коментар.
– Наша одговорност е да создадеме безбедно опкружување на „Инстаграм“ – рече шефот на платформата, Адам Мосери.